10 лета – новиот сингл на Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски го објавува својот нов сингл и видео спот на македонски јазик со наслов “10 Лета”. Автор на песната е Александра Милутиновиќ, аранжман и продукција Дарко Димитров, превод и адаптација на Огнен Неделковски.

“Текстот за синглот 10 лета го претставува Даниел како емотивен и силен дечко. Се зборува за љубов која се случила можеби не во правото време, но секако не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Како што би рекле ние авторите – се надевам дека песната и успехот ќе траат долго!” – изјави Алесандра Милутиновиќ.

 

Интересно

saemMebel

Најдобрите настани за дизајн во 2016

Постојат многу манифестации и настани на кои се претставуваат најновите модели и дизајни на мебел и …