Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да ги прогласи за неважечки кamerikanska-ambasadaако докази аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против премиерот и неколку министри во Владата.

Од Амбасадата на САД велат дека сите делови од договорите од 2 јуни и од 15 јули „мора да се имплементираат, за Македонија да може да ја реши и да ја надмине политичката криза“.

„Веруваме дека веродостојно разгледување на случаите кои се поврзани со или, пак, произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија. Очекуваме сите судски постапки во Македонија да се спроведат почитувајќи ги во целост принципите на националното и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика според Европската конвенција за човекови права“, стои во соопштението на Амбасадата на САД.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …