Call of Duty: Blacks Ops III без капмања мод за PS3 & XBOX 360

Call of Duty конечно го надмина лимитот на конзолите PS3 и XBOX 360. Во петокот најавата беше направена преку официјалниот блог на Activision и Teryarch кои потврдиа дека PlayStation 3 и Xbox 360 верзиите на Call of Duty: Black Ops III нема да содржат кампања за еден играч. Само зомби и мултиплеер модови ќе бидат достапни во тие пакети.

Одлуката произлегува од големината и потребната моќ на конзолите и обемот за 4-играчи Co-op, нешто што на претходната генерација на конзоли, очигледно не може да се справи.

Еве што изјавија директно од студиото:

Blacks Ops III за PS3 и Xbox 360 верзиите ќе имаат само мултиплеер и зомби, без кампања. Амбициозниот опсег на 1-4 играчи за PS4, Xbox и PC верзиите не може да биде иста како на хардверот на старата генерација. Споделувањето на најдоброто можно искуство на играта на сите платформи секогаш е наш највисок приоритет. Имајќи го тоа во предвид, Blacks Ops III, PS3 и Xbox 360 играчите можат да продолжат да се радуваат во новото искуство на мултиплеер модот, вклучувајќи го и новиот систем на движење на базираниот импулс, како и сите нови специјалисти во класата на 9-те Black Ops војници, со кои се менува начинот на играчите кои се вклучуваат во борбата.

Некои фанови тврдат дека тие не сакаат да ја играат кампањата во Call of Duty, иако тоа обично е само загревање за онлајн мултиплеер секојпат. Сега следи претпоставката колку од нив може да си стојат на нивниот збор. Повеќето хардкор фанови веќе ги купија новите конзоли, но за тие што се на стариот хардвер, дали е ова играта што ќе ги натера да се откажат од Blacks Ops?

Загубата на кампања модот за верзиите за  PlayStation 3 и Xbox 360 ќе се намали  $ 10 до $ 49,99 . PlayStation 4, XboxOne , и PC верзијата се уште ќе чини 59,99 $ кога ќе излезе на 6 Ноември.

Интересно

LG-OLED-8-1280x855

LG OLED телевизори од новата генерација

            Изминативе недели, голем број на експерти потрошија многу време на најновите телевизори на LG. …