Д-р Срѓан Керим ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

Актуелниот претседател на управниот одбор на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) и искусен дипломат, д-р Срѓан Керим, ќе се кандидира за генерален секретар на Организацијата на обединетите нации, односно за функцијата која сега ја извршува јужнокорејскиот политичар Бан Ки-мун, кој на оваа позиција е од 2006 година и чиј мандант наскоро истекува, објави телевизијата „Телма“, повикувајќи се на свои извори.

Како што објавува телевизијата, кандидатурата треба да биде поднесена до крајот на годината, а д-р Керим наводно уште пред неколку месеци почнал со лобирање.

Информации за обидот на Керим да стане македонски кандидат за престижната функција засега не се објавуваат, а целиот процес, до официјалното објавување на кандидатурата, според „Телма“, се држи подалеку од јавноста.

Според информациите, тој наводно почнал да го составува тимот од Македонија и веќе контактирал со членови на неговиот поранешен кабинет во Њујорк од 2007 година, додека беше претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.

Неофицијално, други кандидати од Источна Европа, која треба да го даде новиот генерален секретар на ОН, поточно од земјите од регионот, се министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, актуелниот директор на УНЕСКО од Бугарија, Ирина Бокова, а се споменува и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …