Даниел Бер: Неуспехот на Договорот од Пржино ги доведува во прашање изборите

daniel-berНеуспехот од спроведувањето на потребните реформи го доведува во прашање одржувањето на предвремените парламентарни избори закажни во април, следната година, изјави амбасадорот на Соединетите Американски Држави во постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена, Даниел Бер, во своето обраќање пред Советот.

Тој истаканува дека САД се загрижени од тоа што партиите го испуштиле крајниот рок на 20 октомври да постигнат договор за формирање на предона влада, како и прашања за законите за заштита на свиркачите и заштита на приватноста.

“САД внимателно го следат тековните напори на Македонија за спроведување на политичкиот договор помеѓу главните партии, познат како Договор од Пржино. Почитувањето на договорот претставува најдобар пат на Македонија да излезе од сегашната политичка криза. Откритијата што произлегоа од незаконските снимки ја заголемуваат загриженоста за можни изборни измами, за манипулации со медиумите и за корупцијата, што укажува на неуспехот да се придржуваат до обврските на ОБСЕ во Македонија”, вели Бер.

Според амбасадарот на САД во ОБСЕ, на специјалниот обвинител мора да му се обезбедат средства за работа, а политичките партии не треба да се обидуваат да влијаат или да ја попречуваат специјалната обвинителка во нејзината работа.

Преку целосно имплементирање на Законот за специјален обвинител, порачува Бер, лидерите на политичките партии ќе покажат пред граѓаните дека се свесни за потребата од целосна истрага за наводите за залоупотреби кои се обелоденија по објавување на прислушуваните материјалии.

„Паралелно со криминалистичката истрага, парламентарната комисија треба да спроведе целосна и транспарентна истрага за утврдување на околностите во оваа наводна злоупотреба и да спроведе реформи за да се спречи слична ваква ситуација во иднина“, истакнал Бер.

Тој го повика политичкото раководство во земјава да се воздржи од ограничување на слободата на изразување.

„Иако се истакнува важноста на правото на приватност, го повикуваме политичко раководство да се воздржи од воведување ограничувања на слободата на изразување кои се во спротивност со заложбите на ОБСЕ“ вели Бер.

Според Бер, и покрај тоа што партиите направиле напредок во договорот за изборни реформи, нивното спроведување бара итно зајакнување на капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК).

„Нема време за одолговлекување, особено во вработувањето на кадрите што се многу потребни. Исто така треба да постапат по претходните препораки на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со цел да се обезбедат еднакви услови за избори. Неуспехот од спроведување на овие реформи доведува во прашање дали воопшто ќе се создадат услови за избори во април 2016 година. Се надеваме дека ОДИХР ќе испрати тим за предизборен мониторинг во Македонија, во ноемврии“, истакна Бер, додавајќи дека во време на многу надворешни предизвици, како што се напливот на бегалци и миграцијата, насилен екстремизам и нерешениот проблем со името, не смее да се зголемува внатрешниот конфлинкт во Македонија“, туку дека „сега е време лидерите да соработуваат за да земјата оди напред“.

 Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …