Џиџи Хадид се огласи на инстаграм

Џиџи Хадид го бранеше својот изглед со емотивна порака на инстаграм

Релативнозаоблениот” модел, неодамна реагираше на негативните коментари за нејзиното тело, предизвикани од нејзиното појавување минатиот месец на меѓународната модна недела во Милано.

” Толку многу луѓе и толку брзо, коментираа негативно овој месец “, објави на Инстаграм како вовед во нејзиниот коментар. „Да, обвинувањата на социјалните мрежи доаѓаат од луѓе кои 99% од времето немаат идеја за што зборуваат, но и јас сум човек и нема да лажам, малку дозволив негативните коментари да допрат до мене”, вели таа, додавајќи:” Не, јас не мислам дека го имам истиот тип на тело како и другите модели во ревиите. Не, јас не мислам дека јас сум најдобарата во секоја ревија. Да, јас сакам уникатно движење но исто така знам дека треба да се подобри. Не, јас не сум ниту првиот ниту последниот модел со ваков тип во оваа индустрија “, и образложува дека ” Можете да измислите безброј причини каква сум и што сум, но навистина, јас сум вреден работник кој има самодоверба во себе, која доаѓа во време кога модната индустрија е подготвена за промени.“
“Јас претставувам тип на тело кое не беше прифатено во високата мода и имам многу среќа што сум подржана од дизајнерите, стилистите, уредниците на списанија и тие знаат дека ова е мода, ова е уметност и никогаш неможе да остане исто. Сега сме 2015.”, продолжува Хадид
“Имам гради, имам бутови, имам задник и не барам никаков посебен третман. Вашите злобни коментари не ме тераат да си го променам сопственото тело.”

79278e35154956b6570e904a7a486be8

b4fc6915f782365029c0710fa5d86d95

gigi-hadid-defends-her-body-type-and-runway-walk-on-instagram-body-image-1443455942

gigi-hadid-defends-her-body-type-and-runway-walk-on-instagram-body-image-1443456082

 

 

Интересно

saemMebel

Најдобрите настани за дизајн во 2016

Постојат многу манифестации и настани на кои се претставуваат најновите модели и дизајни на мебел и …