Договор нема, пробиен и последниот рок

Pregovori-Brisel

Политичките партии и синоќа не постигнаа договор околу прашањата за изборот на министри и законот за „бомби“. Со тоа е пробиен и последниот рок од Договорот од Пржино, кој истече на 20 октомври.

Како што се дознава, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ останале на своите барања. Владејачката партија бара новите министри да бидат само технички, додека СДСМ инсистират тие да имаат поголеми ингеренции. Исто така, нема компромис и околу тоа какво вето би имале замениците-министри.

Партиите имаат и различни ставови околу пласирањето на прислушуваните материјали. Додека власта сака нов закон, опозицијата е за измени во Кривичниот законик.

Денеска се очекуваат реакции од меѓународниот фактор за тоа како понатаму би продолжиле преговорите.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …