ДУИ го претстави тимот за изборите догодина

dui

Демократската унија за интергација (ДУИ) вчера на Скопски саем ги претстави членовите на партијата што ќе ја водат кампањата на ДУИ на предвремените параламентарни избори закажани за април следната година.

Пред околку 1.200 членови на партијата, се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој го претстави актуелниот министер за економија, Беким Незири, за шеф на изборниот штаб.

„Македонија е во многу тешка криза. Ние во ДУИ ја гледаме како можност за создавање подобра иднина. Македонија е во момент на пресврт, кој може да донесе решенија за големите проблеми што ја мачат државата. Нашата партија од случувањата оваа година излезе посилна. Создадовме доверба кај младите дека и во Македонија е можна иднина и благосостојба и не мора да ја бараат среќата надвор“, пренесува „Телма“ дел од обраќањето на Ахмети.

Иницијативи, транспарентност, оптимизам, резултати и ентузијазам се главните принципи на ДУИ, што денеска ги истакна шефот на изборниот штаб и кои, според него, треба да донесат решенија за подобра иднина.

„Шест месеци пред изборите, потврдуваме дека ДУИ е модерна европска партија со силна структура и со организациски капацитети за остварување на стратегиските интереси на граѓаните“, рече Незири.

На собирот, како што пренесува „Телма“, беа претставени и шефовите на 34 општински изборни штабови со повеќе од илјада членови, меѓу кои и градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, и актуелниот пратеник во Собранието, Џевад Адеми.

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …