Ердоган: Не сакам односите со Русија да се влошат

16327492630_c3efc43ac7_k-860x680

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека никој нема право да ја клевети Турција обвинувајќи ја дека купува нафта од Исламска држава.

Тој изјави дека е подготвен да поднесе оставка ако се докаже дека таквите обвинувања се вистинити.

Ердоган во говорот на универзитет во главниот град на Катар, Доха, рече дека не сака односите со Русија да се влошат.

Претставници на руското министерство за одбрана ги обвинија Ердоган и неговото семејство дека се вклучени во илегална трговија со нафта со џихадистите од Исламска држава.

– Турција е главен корисник на украдена нафта од властите во Сирија и во Ирак. Според некои информации, политичкото раководство во Турција, претседателот Ердоган и неговото семејство се вклучени во тој криминал – рече заменик-министерот за одбрана на Русија, Анатоли Антонов.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …