Грчки заменик-министер разрешен поради навредливи објави на „Твитер“

dimitris-kamenosНе поминаа ни 24 часа, а во владата на Алексис Ципрас падна првата оставка. Заменик-министерот за транспорт и врски, Димитрис Каменос, кој доаѓа од редовите на Независни Грци, учествуваше во владата помалку од 12 часа. Каменос беше принуден да се повлече од министерското место поради објавување недолични антисемитски и хомофобични коментари на „Твитер“ пред неколку месеци.

До оставката дојде по интервенција на Ципрас откако во јавноста се појавија информации и слики од навредливи „твитови“ објавени од Каменос на неговиот твитер-профил, со кои тој го обвинува грчкиот премиер дека дозволил некој со расистички ставови да биде дел од новата влада.

Каменос преку писмено соопштение посочи дека за да го заштити интересот на државата и да дозволи непречена работа на новата влада, се повлекува од министерството. Истовремено, најави тужба против тие што, како што вели, го клеветат, тврдејќи дека објавите не ги има напишано лично тој, туку неговите соработници кои го раководеле неговиот професионален профил на социјалните мрежи. Каменос тврди и дека пред извесно време неговиот фејсбук-профил бил хакиран и поради тоа и затворен пред изборите.

Заменик-министерот, во суштина, беше принуден да даде оставка преку твитер-објава на лидерот на Независни Грци.

„Додека да се докаже вистината за случајот со антисемитските расистички објави, заменик-министерот ќе ни олесни ако си даде оставка“, напиша Панос Каменос на „Твитер“.

Вревата што се крена во јавноста изнуди реакција на Ципрас, кој вчерашниот ден го помина во Брисел на состанокот за бегалската криза. Грчкиот премиер, според информациите во Атина, од европската престолнина разговарал со неговиот коалициски партнер и прв човек на Независни Грци, Панос Каменос, и побарал од него веднаш да спроведе истрага околу објавите на „Твитер“. Ципрас, наводно, побарал од Каменос веднаш да го разреши заменик-министерот ако се утврди дека објавите се автентични и напишани од самиот Димитрис Каменос.

Извори од премиерскиот кабинет велат дека однесувањето на заменик-министерот е спротивно на сите вредности и на етиката на владата.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …