Груевски: Владата донесе оперативен план за вработување на 13.500 лица

Nikola-Gruevski

Владата пред десетина дена донела оперативен план за вработувања за 2016 година, кој, како што изјави денеска премиерот, Никола Груевски, опфаќа 13.500 лица, од кои 8.700 ќе бидат директни вработувања.

„Оперативиот план е усвоен пред десетина дена и за негова реализација ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра. Тоа е план што ќе се спроведува преку Агенцијата за вработување“, изјави Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот посочи дека за најранливите категории во Прилеп и во Демир Хисар ќе бидат распределени 101 новоизграден социјален стан, а огласот ќе биде објавен овие денови.

„Становите ќе се распределат на лица од различни социјални категории во согласност со законот. Распределбата ќе биде софтверски спроведена, со внесување на податоците на сите баратели ќе се одреди кому ќе му бидат доделени овие станови“, рече Груевски.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …