Хан во Гевгелија: Идната недела ќе разговараме за нова помош на Македонија

Han-so-dete-begalecЕврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утрово пристигна во Гевгелија, во посета на прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, каде што се сретна со бегалците од Сирија.

-Во понеделник, преставници на европската комисија и експерти од вашата земја ќе прават проценка на состојбите, за да ги идентификуваат потребите од дополнителна финансиска помош, опрема и човечки ресурси за поефикасно справување со кризата. Многу е важно да и се помогне на Македонија и земјите од регионот. Минатата недела предложив пренамена на финансиските средства од Турција во висина од 1,5 милијарди долари, за земјите од регионот за да се справат со ова ситуација – рече Хан.

Еврокомесарот Хан ги пофали македонските власти како се справуваат со бегалската криза. Тој во Гевгелија пристигна заедно со амбасадорот на ЕУ во Макeдонија, Аиво Орав, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски.

Дневно преку Македонија транзитираат околу 6000 мигранти од кои 80 проценти се од Сирија.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …