ИД и екстремно левичарските милитанти се осомничени за нападот во Анкара

ankaraТурските разузнавачи досега не успеаја да ги идентификуваат извршителите на терористичкиот напад на прокурдскиот мировен протест во Анкара, кој усмрти речиси 100 лица, а повреди двојно повеќе.

Цел на двете експлозии, кои биле предизвикани од бомбаши-самоубијци, бил мировниот протест во близина на железничката станица во Анкара. Според последниот биланс, ова е најсмртоносниот напад во поновата историја на Турција.

Нападот доаѓа три недели пред парламентарните избори во земјата и дополнително ја зголемува тензијата меѓу државните сили и курдските милитанти на југоистокот на земјата.

Турскиот весник „Јени Шафак“ објави дека полицијата успеала да идентификува еден од бомбашите. Наводно, станува збор за маж на возраст од 25 до 30 години. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, кој се смета за надворешен напад на НАТО-членката Турција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој прогласи тридневна жалост, рече дека нападот би можел да биде дело на Исламска држава, Курдите или на екстремно левичарските милитантни движења.

Од канцеларијата на премиерот соопштија дека 52 од загинатите се идентификувани, а обдукциите продолжуваат. Во соопштението се наведува дека 246 лица се ранети и се хоспитализирани, од кои 48 се на интензивна нега.
„Спроведени се сите неопходни мерки за да се идентификуваат тие што стојат зад нападот и за побргу да се изнесат пред лицето на правдата“ стои во соопштението од кабинетот на турскиот премиер.

Двете експлозии се случија додека активистите на Курдската народна демократска партија (ХДП), левичарите, синдикатите и другите граѓански здруженија се собираа на мирниот протест против конфликтот меѓу турските сили и курдските милитанти, кој изби во јули годинава.

Неколку часа по нападите, ПКК им нареди на своите борци да ги запрат сите акции и да го спуштат оружјето до изборите на 1 ноември, за да се спроведат фер избори.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …