Идеални женски тела низ историјата

           Ова видео ги покажува женските идеални типови во изминатите 3.000 години, почнувајќи од древниот Египет (1069 години пред нашата ера), па до денешно време. Исто ги прикажува и стандардите за убавина кои ги определувале општествата, па така во антички Египет жените уживале многу слобода и ќе поминат илјадници години за повторно за да ги уживаат истите права. Староегипетското општество било позитивно наклонето кон сексот и било сосема прифатливо да се има предбрачен секс. Жените можеле да поседуваат имот, независно од нивните сопрузи, а можеле и да иницираат развод од сопругот без срам. Кај античките Грци пак, се фаворизирало атлетското машко тело. Голотијата била составен дел од нивното општество, иако жените во повеќето слики и скулптури се насликани облечени. Кинезите се патријахално воспитани и со тоа правата на жените се минимизирани. За време на династијата Хан, за убава жена се подразбирало тенко тело, бледа кожа, долга црна коса, црвени усни, бели заби и мали стапала. Оваа традиција со стапалата останала стотици години. Ренесансна Италија се карактеризира со преовладување на католизмот и разделување на мажот и жената. За убави жени се сметале жени со заоблено тело, колкови и  големи гради, бледа кожа, руса коса, високи чела. Во 20 тите години, жената во САД добива право на гласање, а во денешно време тие се бомбардирани од барања за атрактивност. Тие треба да бидат слаби но здрави, треба да имаат големи гради и голем задник, но рамен стомак. За да ги постигнат овие цели се повеќе посегнуваат по пластичната хирургија. Истражувањата покажуваат дека се поголем број на жени под 30 година се одлучуваат за пластична операција.

anigif_enhanced-25583-1422390510-2

 

 

 

Интересно

saemMebel

Најдобрите настани за дизајн во 2016

Постојат многу манифестации и настани на кои се претставуваат најновите модели и дизајни на мебел и …