Ирачките сили го бомбардирале конвојот на лидерот на ИД

el-bagdadi

Воздухопловните сили на Ирак денеска го бомбардирале конвојот на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел Багдади, во западната провинција Анбар, соопшти ирачката војска.

Засега не се знае каква е судбината лидерот на терористичката организација, која прогласи калифат на подрачјата што се под контрола на ИД.

Во соопштението се наведува дека бомбардирано е и местото во Карбала, каде Багдади денеска требало да се сретне со командантите на ИД.

Во бомбардирањето, убиени и ранети се повеќе лидери на ИД, но не е позната здравствената состојба на Багдади, кој со возило успеал да побегне, соопшти војската.

ИД под своја контрола држи делови од Сирија и од Ирак, а во јуни прогласи калифат на оваа територија. Багдади ги прифати заклетвите на своите приврзници во Либија, Египет, Јемен, Саудиска Арабија и во Алжир.

 Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …