Иран ја обвини Саудиска Арабија за запоставување на луѓето кои оделе во Мека

10542268633_580dde2a60_zИран бара од Саудиска Арабија да вложи поголем напор во потрагата по 344 верници кои сè уште се водат како исчезнати, а се државјани на Иран.

Станува збор за верници кои се водат како исчезнати по човечкото стампедо што настана на аџилакот во градот Мина во близина на Мека на 24 септември. Според иранските надлежни служби, досега имаат податоци за 136 загинати и 102 повредени нивни граѓани. Вкупниот број на загинати достигна до 717.

Иран најави дека ќе испрати свој министер, кој ќе ја предводи делегацијата во Саудиска Арабија и кој ќе ја надгледува мисијата за потрага по исчезнатите и евидентирањето на загинатите и на повредените.

Иранските лидери упатија остра критика до саудиските власти, обвинувајќи ги за лошо менаџирање на состојбата и за запоставување на луѓето.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …