Иванов во посета на Бугарија

Gorge-IvanovНа шестиот состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ насловен „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“, денеска во Софија ќе учествува претседателот Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во работна посета на Бугарија.

Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.

За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.

Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре, со посета на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …