Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

katica obv

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално дознава „Мета“.

Денеска, во 10 часот, почна состанокот на Советот на јавни обвинители на кој, како што вчера најави претседателот, Петар Аневски, ќе се расправа по други точки, но остави простор да се одлучува и за изборот на помошниците-обвинители.

Од службите во Советот соопштија дека седницата е од затворен тип и не им дозволија на новинарските екипи да присуствуваат на неа. Тие најавија изјава на претседателот на Советот за подоцна.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …