Како да изберете најдобра слика за на Фејсбук или Инстаграм?

imagesПрименувајќи го нивниот метод испробуваат со денови, се сликаат илјадници пати, менуваат филтри на Instagram, сечат димензии – за на крајот да се погоди сликата да им изгледа како баш сосема случајно да е одбрана и дека немало никаков труд вложен во нејзе. Тоа е навистина тешка и важна работа, а фактот што луѓето посветуваат толку внимание на истото ги одважило (вистинските) научници да скокнат и да помогнат.

Научниците имаат правено многу анализи на оваа тема користејќи го огромниот достапен материјал на социјалните мрежи, и дошле до неколку заклучоци во однос на профилната слика и како таа треба да ви изгледа за да го максимизирате бројот на лајкови и коментари на вашиот профил.

Имено, според нив, треба да ги почитувате следните насоки кои генерално ќе го помогнат вашето присуство во виртуелниот свет и ќе ви донесат уште повеќе виртуелно внимание:

  1. смејте се со покажување на заби;
  2. темно обоени одела, светло обоени пододела (кошули, итн.);
  3. линијата на вилицата да има или пушта сенка;
  4. глава-со-раменици или глава-со-половина фотографии;
  5. подзамижете;
  6. асиметрична композиција на сликата;
  7. очи кои јасно се гледаат и не се покриени.

Исто така вредни за испробување се насочување кон камерата (или намерно избегнување) и светла позадина.

Секако, постојат работи кои треба да ги избегнувате како не би ги спречувале десетиците лајкови упатени на ваша адреса. Тие се:

  1. шапки и капи во сликата;
  2. наочари;
  3. коса, отсјај или сенка врз очите;
  4. претерано смеење;
  5. „секси“ изглед;

Според научниците, ние правиме (нормално, генерално погрешна) проценка за луѓето и нивниот карактер при посветување само 40 милисекунди на нивната профилна слика. Тоа не претставува ниту десетина од секунда. Сепак, повеќето луѓе сметаат дека тоа време е доволно да се анализира вредноста и статусот на друг човек во виртуелниот свет.

Според истражувачите, добро е да изгледате пристапни и неагресивни за луѓето да не бидат исплашени од вашата профилна слика и да се одважат да ви искоментираат на некоја слика или статус. Исто така можете да се обидете со Правилото на третини кое го користат фотографите и режисерите за да ги доловат битните елементи во кадарот кој го пренесуваат, и генерално избегнуваат да сместуваат битни елементи во самиот центар.

Интересна разлика се појавила при споредба на профилните слики на мажи и жени на OkCupid. Имено, додека кај женските профилни слики се давало повеќе внимание на тие кои со очите гледале директно кон објективот на камерата, кај мажите било обратно – тие кои намерно не гледале кон објективот добивале повеќе внимание. Дополнително, тие жени кои се смееле на фотографијата добиле далеку повеќе внимание од тие кои не се смееле. Повторно, кај мажите испаднало обратно – тие мажи кои се смееле добиле помалку внимание од тие кои не се смееле.

Досега ви презентиравме доволно совети и насоки за да го максимизирате вашиот успех на социјалните мрежи и вниманието кое го добивате од луѓето. Дел од научниците сугерираат дека опсесијата со социјалните мрежи и тоа како изгледате на нив е нарцисизам, но веројатно тоа го изјавуваат бидејќи самите немаат многу успех на истите. Сепак, нашето онлајн присуство и тоа колку ни е интересен животот во секој момент се особено битни работи кои мораат да се покажат на нашите пријатели и на целиот останат свет.

Интересно

Frizider

Фрижидер со сопствен трејлер

Војна на ѕвездите R2D2 фрижидерот е толку добар што има и трејлер за него.          …