Калајџиев и Најчевска: Тимот што го избра Јанева нема да успее

kalajdziev-i-najcevskaИзборот на тимот обвинители што денеска го претстави специјалната обвинителка Катица Јанева, предизвика скептични коментари кај експертите дека тие можат нешто да сторат и да процесуираат некој предмет.

Според професорот Гордан Калајџиев, кој беше во потесниот избор за функцијата што ја доби Јанева, но отпадна во последен момент, има неколку чудни работи при овој избор.

– Прво, се гледа дека тие се избрани политички затоа што таму има провладини и невладини обинители. Таа, всушност, направи два тима. Сега има два тима без лидер. Мислам дека многу бргу ќе пукне тиквата. Втората работа е што со големиот број обвинители се сака да се остави некој впечаток дека ќе се работи нешто. Исто така, Јанева најави дека истражителите ќе се избираат во октомври, што е само одолжување. Спорен е и моментот од 18 месеци за процесуирање на некој предмет. Зошто има потреба од рокови? Дали ќе може да се оствари нешто во тој период? – вели Калајџиев.

Професорката Мирјана Најчевска смета дека изборот на новите 14 обвинители, кои треба да ѝ бидат помошници на специјалната обвинителка, се само уште еден доказ дека не треба да се очекува никаков успех во случаите со прислушуваните разговори.

– Изборот што го направи Јанева само ги подгрева сомнежите дека нешто навистина ќе се реши. Мислам дека целата работа е многу несериозна. Не биле вклучени странски експерти, нема никакви критериуми за избор на обвинители, на пример, искуство, знаење и невмешаност во политички монтирани случаи за кои имало реакција од граѓаните – вели Најчевска.

 Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …