Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

sobrani11-860x680

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Имаме обврска по член 17, член 18 и по член 25 од Уставот на Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на писмата и на другите видови облици на општење, да им гарантираме тајност на личните податоци, но и да им гарантираме почитување и заштита на приватноста на личниот и семеен живот. Предлагам оваа точка да биде ставена денеска на дневен ред за да се донесе одлуката за формирање на оваа анкетна комисија. Дополнително, би сакал да истакнам дека оваа анектна комисија ќе има обврска да обезбеди чисти услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година“, истакна Илија Димовски.

Опозицијата гласаше против формирање на оваа анкетна комисија.

Извор: Мета

Интересно

obama-putin

Путин му испрати новогодишна честитка на Обама и го повика на соработка

Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна порака до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на соработка …