„Пред и потоа“ фотографии откриваат колку се стопиле глечерите во изминатите 100 години.
Климатските промени го трансформираат светот, но ефектите од таа промена не се моментални и тоа ни отежнува во целост да ја сфатиме сериозноста на ситуацијата. Еден од начините да се демонстрира штетното влијание на глобалното затоплување врз животната средина е со споредување на фотографии. Фотографиите се од глечери во Монтана и Алјаска во доцните 1800-ти и раните 1900-ти години како и денес.
National Geographic создадоа и триминутен филм за проектот, фокусирајќи се на паркот во Монтана.