Комплетирана новата влада, пратениците ги изгласаа и замениците-министри

sobrani11

Собранието на денешната седница ги изгласа новите заменици-министри. Од редовите на СДСМ, избрани се Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација со 99 гласа „за“ и ниту еден „против“, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство со 97 гласа „за“ и со ниту еден „против“ и Кире Наумов во Министерството за финансии со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Тимчо Муцински за заменик-министер за информатичко општество и администрација со 69 гласа „за“ и со 31 глас „против“, Митко Чавков за заменик-министер за МВР со 97 гласа „за“, со ниту еден глас „против“ и Диме Спасов за заменик-министер за труд и социјална политика со 95 гласа „за“ и со ниту еден „против“.

Претходно со 101 глас „за“ и ниту еден „против“, Собранието ги избра новите министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Фросина Ременски.

Новата министерка за информатичко општество и за јавна администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Марта Арсовска-Томовска, беше избрана со 71 глас „за“ и со 31 глас „против“.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …