Комунистичката партија на Кина на членовите им забрани членство во голф-клубови

kina

Кинеската комунистичка партија на своите членови им забрани да членуваат во голф-клубови, како дел од последните измени на партиските правила за дисциплина.

На членовите на Комунистичката партија на Кина, чиј број изнесува околу 88 милиони лица, исто така формално им се забрануваат луксузни јадења и пијалаци и злоупореба на моќта, пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на новинската агенција „Ксинхуа“.

Инаку, Кина спроведува строги антикорупциски мерки од 2102 година наваму.

Според новите правила, на партиските членови им се забранува да „набавуваат, поседуваат и да користат членски карти од спортски сали, клубови, голф-клубови и други видови кориснички картички, како и да посетуваат приватни клубови“.

Оние членови што ќе бидат фатени да не ги почитуваат правилата, ќе добијат предупредување, а можно е и веднаш да бидат исфрлени од партијата, во зависност од тежината на прекршокот.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …