Љубаништа

        Љубаништа е село сместено 30 километри од Охрид, на источниот брег од езерото. Прв пат се споменува во 1582 година, кога тука живееле 70 христијански домаќинства. Постои предание дека за време на османлиското ропство, селото било чифлик на познатиот Џеладин-бег од Охрид. Бегот подоцна го поклонил селото на манастирот Св. Наум, а жителите ја обработувале манастирската земја. Во 2013 година се откриени два значајни археолошки објекти, остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер и ранохристијанска базилика. Ова место беше и предмет на купопродажба помеѓу државата и индискиот “милијардер” Субрата Рој, која заврши неуспешно. Тука се наоѓа и автокампот Љубаништа, кој ја поседува најубавата песочна плажа во овој предел.

Интересно

saemMebel

Најдобрите настани за дизајн во 2016

Постојат многу манифестации и настани на кои се претставуваат најновите модели и дизајни на мебел и …