Македонија загуби од Грција со 65 – 85

Eurobasket Makedonija grcijaКошаркарската репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Грција со резултат 65 – 85, во првиот натпревар од групата фаза на Европското првенство.

Македонските кошаркари во поголемиот дел од натпреварот беа резултатски близу со противникот. Грците клучната разлика ја направија во последната четвртина која ја добија со 15 – 26.

Најефикасен играч во тимот на Грција беше Георгиос Принтезис, кој постигна 18 поени, додека во нашиот тим најдобра игра покажаа Александар Костоски со 20 поени и Војдан Стојановски, кој постигна 13.

Наредниот меч на „Евробаскетот 2015“ македонските кошаркари го играат утре во 15 часот, против репрезентацијата на Холандија.

Интересно

Naslovna

Macedonia X-Treme 2015: Балкан Бајк Фестивал

            За прв пат на Балканот, премиерно се одржа Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival …