Македонија загуби од Словенија и ги заврши настапите на „Евробаскет 2015“

Македонската кошаркарска репрезентација вчера загуби од селекцијата на Словенија со резултат 62 – 51, во мечот од последното коло од групната фаза на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција.

Со овој пораз, македонските кошаркари не ја искористија последната шанса за пласман во втората фаза и ги завршија своите настапи на 39. Европско првенство.

{9F8B23DD-65CC-40A0-8785-398EB2C94C1E}flexible

Кошаркарите на Словенија уште од почетокот на натпреварот напаравија солидна разлика, која ја одржуваа до крајот на мечот.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Зоран Драгиќ, кој постигна 20 поени, додека во нашиот тим најпрецизен беше Владо Илевски со 15 поени, а Предраг Самарџиски постигна 10 коша.

Интересно

Naslovna

Macedonia X-Treme 2015: Балкан Бајк Фестивал

            За прв пат на Балканот, премиерно се одржа Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival …