Масакр во Париз: 160 убиени во серија напади

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала Батакло, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција.

Француските медиуми јавуваат 120 загинати е билансот по полициската акција во салата Батакло, каде група вооружени лица држеаа стотина заложници.

Безбедносните сили упаднале во Батакло за да ги ослободат заложниците, кои ги држеа наводните џихадисти. Тројца напаѓачи се убиени.

Претставник на париската полиција соопшти дека во салата е извршен масакр, додавајќи дека напаѓачите ги гаѓале заложниците со експлозивни направи.


Полициската акција следеше по најмалку шесте синхронизирани напади низ Париз, во кои загинаа најмалку 40 лица.

Светските агенции јавуваат дека полицијата убила пет напаѓачи на различни локации во градот.

Концертната сала Батакло, каде вечерта настапувал америкнскиот рок бенд „Иглс од дет метал“, се наоѓа на околу 200 метри од поранешните канцеларии на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, што џихадистите го нападнаа во јануари годинава.

Други три лица наводно се убиени во близина на стадионот „Стед д Франс“, на северот на градот, каде се играше фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Франција и на Германија. Францускиот претседател Франсоа Оланд беше евакуиран од стандионот, пред мечот да заврши.

CTvwKaJW4AAiDWG

Оланд подоцна прогласи вонредна состојба во земјата, најави затворање на границите на Франција и го откажа своето просуство на самитот Г20, што викендов се одржува во Турција. Претседателот исто така распореди дополнителни 1.500 припадници на безбедносните сили низ Париз.

Организаторот на натпреварот ги евакуираше посетителите, а на интернет се појави снимка на која фановите, напуштајќи го стадионот ја пеат француската химна.
ругиот напад се случил во камбоџиски ресторан, во близина на концертната сала Батакло.

Градоначалничката на Париз, Ен Идалго ги повика жителите да останат дома.

Франција е во состојба на зголемена готовност, откако џихадистите во јануари го нападнаа сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и еврјеската балакница, при што убија 17 лица. Полицијата изминатите десет месеци успеа да спречи неколку терористички напади.

Повеќе од 500 Французи се борат на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак, покажуваат податоците на француското МВР, според кои 250 лица веќе се вратиле во земјата, а 750 се подготвени да заминат во завојуваните блискоисточни земји.

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …