Митови поврзани со полнење и празнење на батеријата

„Не го користете телефонот додека се полни“ е само еден популарен мит за батериите на смартфоните.

Како и секој мит, тој не е точен. Еве ја вистината позади неколку најпознати митови за полнење на батеријата.

Charging of mobile phone
Користењето полначи кои не се од истиот бренд ја уништува батеријата

Вистината е дека треба да ги одбегнувате евтините полначи од истиот бренд, но евтините полначи од друг бренд се сосема во ред. ОВДЕ може да откриете како да ги разликувате овие модели на полначи.

Не треба да се користи телефонот додека се полни

Впрочем, може да го користите онолку колку што сакате. Постојат многу верувања поврзани со овој мит, како она дека телефонот ќе експлодира доколку го користите при полнење. Секако, овие мислења немаат никаква основа. Сепак, не се препорачува користење на телефонот додека се полни на полнач кој не е оригинален.

Полнењето на телефонот преку цела ноќ ја уништува батеријата

Вашиот телефон е попаметен отколку што мислите. Откако е наполнет, телефонот знае како да престане да се полни. Тоа значи дека батеријата не се ниту користи во текот на ноќта откако полнењето ќе заврши. Меѓутоа, не се препорачува редовно полнење преку ноќ. Батеријата на телефонот ќе трае подолго доколку телефонот секогаш е наполнет помеѓу 40% и 80%.

Не треба да го исклучувате телефонот

Телефонот можеби е машина, но понекогаш треба да одмори. Се смета дека исклучувањето на телефонот на одреден период го зголемува траењето на батеријата. Од „Епл“ препорачуваат исклучување еднаш неделно.

Не го полнете телефонот сè додека батеријата не е целосно празна

Впрочем, подобро е телефонот да се полни секој ден отколку еднаш на одреден период. Како што беше споменато, чувајте ја батеријата на 40% до 80% постојано.

Интересно

Frizider

Фрижидер со сопствен трејлер

Војна на ѕвездите R2D2 фрижидерот е толку добар што има и трејлер за него.          …