МВР за состојбата на границата: Се чека доаѓањето на припадниците на АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во текот на денот се очекува да им се приклучат на полициските екипи кои ја обезбедуваат јужната граница откако Владата завчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради големиот наплив на мигранти.

Како што соTabanovceопштуваат од МВР, во земјава се дозволува влез на на лимитиран број илегални мигранти од поранливите категории кои можат да бидат згрижени.

Во соопштението на МВР, не се наведуваат детали околу употребата на средства за присила, како шок бомби, солзавец и гумени куршуми кон мигрантите за што известуваат некои медиуми.

„Министерството за внатрешни работи отпочна со постапување по Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на кризна состојба, а во текот на денов се очекува на полициските службеници да им се приклучат и припадниците на Армијата на Република Македонија. Полициските службеници се распоредени на терен, на граничната линија кон соседна Грција и постапуваат согласно наредбите и овластувањата за заштита на државната граница и обезбедување на мирот и безбедноста во пограничниот појас. Во Република Македонија се дозволува влез на лимитиран број на илегални мигранти од поранливите категории кои може да бидат згрижени и соодветно третирани согласно капацитетите на државата“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека, за разлика од претходните денови кога се издаваа потврди на повеќе од 1.300 странски државјани на дневно ниво, тој број во изминатите 24 часа била неколкукратно намален.

Според МВР, во изминатите 24 часа потврди за искажана намера за барање азил им била издадена на вкупно 181 мигрант. Вакви потврди, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуно досега се издадени на вкупно 41.595 мигранти.

Инаку, вчера до 17 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажале прва помош на околу 125 лицa, од кои 16 бремени жени, а било интервенирано само на граничниот премин „Табановце“.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …