НАСА ги објави најбистрите фотографии воопшто направени од Плутон

Во последниве неколку месеци, Нови Хоризонти постојано испраќаше податоци од блискиот прелет над Плутон кој се случи во јули оваа година. Сите досегашни слики беа спектакуларни и сите прикажуваа карактеристики кои геолозите и планетарните научници не ги очекуваа. Но, сликите кои ги објавија вчера се токму оние кои биле направени од вселенската сонда Нови Хоризонти, додека била во најблиска положба над оваа џуџеста планета и се разбира при тоа се направени слики со највисока резолуција. Некои од сликите кои се дел од мозаикот, имаат резолуција од само 80 метри и тие ќе бидат најбистрите фотографии сè додека не испратиме нова вселенска сонда кон Плутон.
Вториот дел од овој мозаик, кој се протега од екваторијалниот дел кон јужната хемисфера, ќе се објави дополнително кога ќе пристигне остатокот на фотографиите од Нови Хоризонти. Повеќето од нив се веќе пристигнати и објавени на официјалниот сајт во сирова форма.

317307

Целиот мозаик во природни бои:

386172AA228

Доколку сакате да ги видете фотографиите во изворна резолуција, кликнете на фотографијата погоре. НАСА исто така направи и видео клип на кој се прикажува од кој дел на Плутон потекнува мозаикот и краток приказ низ пределот, составен од десетина засебни фотографии кои се протегаат од планините Ал-Идризи сè до централниот дел на Спутник Плато.

6464092_orig

Сите овие фотографии се снимени со телескопската камера на Нови Хоризонти. Можеби на прв поглед делуваат едноставно, но со подетално разгледување ќе видите многу карактеристики, како различни кратери во северниот дел и бразди од тектонска активност (горе), планински релјеф со очигледни форми на ерозија во средишниот дел,  па дури и некои збрчкани карактеристики во форма на песочни дини на самиот предел наречен Спутник Плато кои претходно делуваше сосема израмнето и глатко. Токму таму можете да забележите две кружни форми кои можеби се последица од удар од астероид, но поради големата вискозност на теренот не останал кратер.

2095270_qqqorig

Видео клип на кој е прикажан Плутон во лажни и пренагласени бои и приказ на мозаикот во изворна црно-бела слика како што се снимени со камерата:

Извор: Астрономски центар Орион

Интересно

Biro special

Биро кое ви овозможува да работите легнати

Поговорката вели “кога животот ви нуди лимони, исцедете ги и направете ја најдобрата лимонада”.        …