НАСА: знаци укажуваат на “вода во течна состојба” на Марс

mars-streaks-630x307

Минатата недела, НАСА вети дека ќе има голема вест за споделување. Денес, вселенската агенција откри голема мистерија за Марс. Постојат докази дека “има вода во течна состојба”, соопштува НАСА.

Научниците од НАСА откриле дека постојат соли на Марс, познати како перхлорат, кои ја спречуваат водата од замрзнување во одредени периоди од годината. Тие забележале  “ленти”, за кои се верува дека се всушност местата на течението, каде што водата е спречена од замрзнување благодарение на солите. Кога температурите се пониски, лентите исчезнуваат.

“Нешто ги хидрира овие соли, а изгледа дека се овие тенки пластови кои се појавуваат и се губат со менување на сезоните, рече Лујендра Оџа од НАСА. Ова значи дека водата на Марс е солена, а не чиста. Има смисла, бидејќи солите ја намалуваат точката на замрзнување. Дури и ако РСЛ незначително ги има под земја, каде што температурата е помала одошто на површината, солите би ја задржале водата во течна состојба и би направиле да се лизга надолу по стрмнините на Марс.“ Се уште никој ништо не кажал за мисиите за да се докаже оваа теорија, но изгледа дека доказот секако постои таму.

Интересно

Frizider

Фрижидер со сопствен трејлер

Војна на ѕвездите R2D2 фрижидерот е толку добар што има и трејлер за него.          …