Новиот трејлер за Creed

Роки Балбоа се враќа на кино екраните, оваа есен по седми пат. Речиси 40 години по првиот Роки филм со суперѕвездата Силвестер Сталоне, актерот ќе ја репризира неговата најпозната улога во ”Creed”.

Creed е во режија на Рајан Куглер, кој освои многу признанија за неговата драма во 2013, Fruitvale Station . Ѕвезадата во подем, Мајкл Б. Џордан го игра Адонис, синот на Creed. Џордан  беше виден годинава во Fantastic Four, како и во Fruitvale Station.

Идејата за спарување на Роки, кој е во поодминати години  со младата ѕвезда е идеја на Куглер, кој претходно го поканил Сталоне да учествува во филмот. Сталоне ја прифатил поканата и покрај тоа што во 2006 одлучил дека ќе биде последниот дел снимен за Роки Балбоа.

“Роки имаше постигнато многу повеќе од своите соништа”, изјави Сталоне. “Тој седи во својот стол за нишање, чекајќи го неговото време да дојде. Последното нешто што го очекува е дека овој млад човек ќе дојде и ќе го преврти неговиот свет наопаку”.

Вратите на филмските сали се отвораат на 25-ти Ноември.

Интересно

saemMebel

Најдобрите настани за дизајн во 2016

Постојат многу манифестации и настани на кои се претставуваат најновите модели и дизајни на мебел и …