Обвинителството почнало истрага против осомничен за малтретирање бебе

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против лице кое е осомничено дека малтретирало деветмесечно дете, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Кривичната пријава за случајот до Обвинителството ја поднел Секторот за внатрешни работи Скопје.

„Пријавеното лице било ангажирано за чување и за негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување. По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомневање за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Од Обвинителството додаваат дека до Основниот суд Скопје 1 бил поднесен предлог за определување притвор за осомниченото лице, поради постоење опасност да го повтори делото.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …