Огревното дрво во Битола достигна цена до 55 евра за кубен метар

drva-za-ogrevНедостигот на дрва за греење и нивната ненавремена достава е најголемата мака за битолчани пред престојната зима. На само еден месец пред почетокот на грејната сезона дури 25 отсто од граѓаните кои уплатиле дрва во подружницата на „Македонски шуми“ не ги добиле.

Во истовреме од ден на ден расте цената на огревното дрво кај приватните добавувачи. Така цената за еден метар кубен дабово дрво се движи од 3.100 до 3.400 денари во приватните складишта.

-Останав без дрва и по една недела талкање и молење по приватните складишта едвај успеав да набавам 4 кубни метри дабово дрво. Многу е скапо едвај се испазарив за 50 евра за кубен метар – вели пензионерка од Битола.

Директорот на подружницата на „Македонски шуми“ од Битола, Митко Стојановски за медиумите објасни дека нема простор за паника кај населението, иако годинава побарувачката на дрва во градот пораснала за 20 проценти.

Цените во „Македонски шуми“ се движат од 2.661 денар за кубен метар дабово дрво и 2.570 за буково дрво.

„До почетокот на грејната сезона се очекува да заврши испораката и за преостанатите 25 проценти од огревното дрво. Ги преземаме сите мерки и оние граѓани кои досега не уплатиле, да можат да платат околу 15 септември, затоа што тогаш ќе извршиме дистрибуција на поголеми количини на дрва до складот – вели Стојановски.

Од „Македонски шуми“ во Битола најавија дека за ранливите категории на граѓани имаат 10 проценти попуст на огревното дрво.

Извор: Мета А.Б.

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …