Охридско Езеро порибено со 300.000 пастрмки

ohridsko-ezeroОхридско Езеро денеска беше порибено со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка. Годинива, како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, во Охрид, се издвоени 7,5 милиони денари за процесот на изловување, одгледување и на порибување, со околу 2,4 милиони пастрмки.

– Порибувањето од репроцентарот во Хидробиолошкиот завод почнува со 300.000 единки пуштени денеска на локалитетот Вирче, а ќе продолжи до целосна реализација во текот на овој месец. Во тек се и активностите за изведување и за порибување и на струшкиот дел на езерото од мрестилиштето кај Шум, кои се очекува исто така да завршат до крајот на септември – истакна Цветков.

Тој најави дека и на албанската страна се преземаат одредени активности, но сè уште заостануваат во однос на она што се прави на македонскиот дел од езерото.

Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, рече дека податоците од терен укажуваат на подобрување на состојбата со фондот на охридска пастрмка во езерото.

Откако Охридското Езеро во 2012 година доби концесионер, рибокрадството е намалено во значителна мера, тврди Ристе Танасоски од „Пастркма 2012“, фирмата што стопанисува со езерото.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …