Орав: Нема план Б, до 15 септември мора да се избере специјален јавен обвинител

„Многу луѓе ме прашуваат овие денови дали има план Б, доколку до 15 септември не се назначи специјален јавен обвинител. Не! План Б нема и на 15 септември мора да се избере специјален обвинител“, изјави денеска шефот на делегацијата на Мисијата на ЕУ во земјава, Аиво Орав.

Тој истакна дека изјавите што вчера ги дадоа премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во врска со изборот на специјален јавен обвинител се охрабрувачки.

– Остануваат уште неколку отворени прашања, кои ако не во наредните неколку часа, тогаш во наредните неколку дена, верувам дека ќе бидат надминати и ќе се постигне договор околу нив за на 15 септември да се назначи јавен обвинител и веќе од 16 септември тој да почне со работа, а сè во интерес на граѓаните на земјата – рече Орав.

Според него, четирите партии во јуни и во јули успеаја да постигнат договор кој беше извонредно постигнување, но сега се во фаза што е многу потешка, а тоа е имплементација на договореното.

Опозицијата се врати во Собранието, што беше еден од елементите на договорот, а сега останува и другото големо прашање, а тоа е на 15 септември да се назначи специјален јавен обвинител.

 

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …