Паметни часовници LG со футуристички дизајн

LG-Watch-Urbane-21-630x421

Последно што слушнавме, LG го носи сосема новиот уред Android Wear во Берлин оваа недела за IFA. Сепак, новиот извештај тврди дека следната генерација на паметни часовници нема да пристигне до крајот на септември. Во извештајот се вели дека новиот часовник ќе има спортски дизајн, ќе биде со различна големина на екранот и потенка рамка во однос на сегашниот модел на LG. Компанијата додаде уште две физички копчиња поставени од двете страни на часовникот. Новиот паметен часовник ќе го исполни микс на брусен и полиран метал. Резултатот е  “футуристички, спортски изглед.” За жал ние не знаеме дали LG паметниот часовник ќе се појави на пазарот до крајот на месецов. Во меѓувреме, LG нуди лимитирана серија Watch Urbane Luxe со позлатена алигатор кожа. Изборот е ваш, дали ќе се одредите за лимитираната серија или ќе чекате на новата генереација паметни часовници.

Интересно

Frizider

Фрижидер со сопствен трејлер

Војна на ѕвездите R2D2 фрижидерот е толку добар што има и трејлер за него.          …