Партиите заиграа силно на картата на заемно обвинување

spasovski-milososki-collage1По еден ден молк по изјавата на дел од амбасадорите во Македонија, кои испратија порака до политичките партии за итно спроведување на Договорот од Пржино, денеска учесниците во работните групи повторно меѓусебно се обвинија за кршење на договореното.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред Клубот на пратеници во Скопје го обвини СДСМ дека „сака да ја продлабочи политичката криза и да ја загубиме препораката на ЕУ и да предизвика економска штета на државата“:

– Бараме конструктивно однесување од СДСМ. Да не дозволиме поголемо продлабочување на политичката криза. Ние мислиме дека СДСМ ова го прави затоа што имаат неколку цели. Првата е продолжување и продлабочување на политичката криза, втората е да се изгуби препораката од Европската унија, додека третата е да се предзвика економска штета на државата – изјави Милошоски.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пак, веднаш по Милошоски изјави дека е евидентно кој ги кочи преговорите. И тој обвини дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствениот виновник доколку Македонија ја изгуби препораката“:

– Околу предлозите што ги даваме на преговорите, не бараме ништо повеќе од она што е предвидено со Договорот од Пржино, ниту прифаќаме нешто помалку. Со министрите и со замениците-министри кои треба да бидат назначени, не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку да се погрижиме да се создадат услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствениот виновник доколку Македонија ја изгуби препораката.

Сепак, овие изјави на политичките чинители се само оправдување пред јавноста, оти и партиите и посредниците во Македонија точно знаат од кого и каде се кочи Договорот од Пржино.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …