Политичките партии не постигнаа договор на лидерската средба со Хан

Лидерската средба на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, која вечерва се одржуваше во резиденцијата на ЕУ, заврши без договор. Прв средбата ја напушти лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој не сакаше да даде изјава за медиумите.

По него си замина лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека се договориле да продолжат средбите на работните групи на кои ќе се прецизираат некои работи.

– Не е постигнат конечен договор, ама за некои работи ставовите се доближија. Се договоривме средбите на работните групи да продолжат и на нив треба да се договориме за законот за влада и за надлежностите на министрите – изјави Ахмети.

Во резиденцијата на ЕУ останаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, американскиoт амбасадор Џес Бејли, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Се очекува изјава за медиумите да даде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …