Попоски во Луксембург: Македонија очекува третман од ЕУ како кон земја-членка

popski-luksembirgПотребно е Европа да обезбеди заеднички одговор, бидејќи ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси, потенцирал министерот за надворешни работи, Никола Попоски на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и земјите-кандидати за членство, кој се одржа во Луксембруг, а во чиј фокус беше актуелната мигрантска криза.

Како што соопшти МНР, Попоски ги запознал своите колеги од ЕУ со актуелната состојба на миграциската криза во Македонија и „справувањето на нашата земја со масовниот наплив на мигранти“

„Република Македонија очекува третман од ЕУ како кон земја-членка. Солидарноста и споделената одговорност ја истакнуваме како есенцијална. Недостапен е одговор на европско ниво за сегашната миграциска криза. Тенденциите во моментов се дека таа ќе се продлабочува и во бројки и во реални проблеми на терен. Доколку продолжат да опстојуваат одговори само на национално ниво, наскоро може проблемите да ги надминат капацитетите на државите кои се засегнати директно од кризата. Тоа може да стане закана и за солидарноста и хуманоста кои мора да бидат главни одлуки во соочување со овие предизвици”, рекол Попоски на состанокот.

Шефот на македонската дипломатија, во рамките на настанот присуствувал на работниот појадок помеѓу министрите за надворешни работи на групата на Европски народни партии (ЕПП) на покана на австрискиот колега Себастијан Курц и претседавачот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент, Елмар Брок.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …