Путин: Авионската несреќа е голема трагедија

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека авионската несреќа во која загинаа 224 лица е голема трагедија.

– Би сакал уште еднаш да изразам сочувство на семејствата и на роднините на жртвите. Тоа е голема трагедија. Ние со нашите срца и души сме со вас – рече Путин на состанокот со рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, кој е на чело на државната комисија за истрага на причините за падот на рускиот авион.

Според неговите зборови, за време на такви трагедии и во такви ситуации, важно е да се почувствува дека целата земја сочувствува за огромната катастрофа.
Путин побара темелна истрага за падот на авионот на руската компанија „Когаљмавиа“ во Египет.

– Без какво било сомневање, треба да се направи сè за да ја реконструираме објективната слика за тоа што се случило и да можеме да реагираме во согласнот со тоа – рекол Путин.

Во цела Русија вчера беше прогласен ден на жалост, а во Санкт Петерсбург, комеморацијата за оддавање почест на загинатите во авионската несреќа над Египет ќе трае до утре.

Извор: Мета

 

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …