Путин му испрати новогодишна честитка на Обама и го повика на соработка

obama-putinРускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна порака до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на соработка меѓу двете земји во одговор на меѓународните предизвици.

Односите меѓу Москва и Вашингтон го достигнаа најниското ниво од крајот на Студената војна, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во март 2014 година и поради тоа што им испраќа поддршка на сепаратистичките бунтовници на истокот на Украина. САД и другите нации одговорија со економски санкции против руски претставници и компании во државна сопственост.

Кремљ ја цитирал новогодишната честитка на Путин, наведувајќи дека „односите меѓу Москва и Вашингтон се од клучно значење за глобалната сигурност“.

Путин навел дека САД и Русија успешно ќе се соочуваат со предизвиците и со заканите во светот ако двете земји бидат вклучени во конструктивен дијалог.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …