Работните групи утре ќе ги „средуваат“ медиумите

Zdruzhenie-na-novinari-na-Makedonija-Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, утре треба да почнат разговори за медиумите и за начинот на нивната работа.

Според претседателот на работната група на СДСМ, Роберт Поповски, на средбата треба да присуствуваат и организации што работат во сферата на медиумите.

– Имаме предлози кои утре ќе ги изнесеме на средбите со претставниците од другите партии. Не сакаме однапред да ги изнесеме нашите позиции и да ги кажеме нашите ставови – ни изјави Поповски.

Од Здружението на новинари велат дека се поканети на средбата на политичките партиии дека имаат предлог за решавање и за излез од сегашната состојба во медиумите.

– Прво ќе побараме да се решат сите 25 инциденти што се поврзани со новинарите. Мора да се пронајде одговорниот за тоа и да биде соодветно санкциониран. Втората работа е проблемот со финасирањето на медиумите. Ќе побараме да се прекине владиното рекламирање во сите медиуми и да се забрани политичкото рекламирање. Има други начини ако сака Владата да им помогне на медиумите. Исто така, ќе понудиме начин како да се деполитизира МРТВ, со тоа што ќе предложиме програмскиот сервиис да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, а не како досега, со просто мнозинство. Исто така, многу битно е да се најде начин на стабилен извор за финансирање на јавни0т сервис – вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Од Синдикатот на новинари велат дека не се поканети на средбата и изразија жалење ако не се случи тоа поради, како што велат, негиржата за новинарската бранша.

Покана за средбата, исто така, до денеска не добиле ниту од Македонската асоцијација на новинари.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …