Ракометарите на Вардар во групната фаза ќе се судрат со Барселона, Кјелце, Рајн-Некар…

Актуелниот европски шампион Барселона ќе му биде противник на македонскиот шампион Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Македонските шампиони се сместени во група со исклучително квалитетни противници, па идната сезона нè очекуваат вистински мега-дуели на црвено-црните во групата Б. Ждрепката ги смести ракометарите на Вардар во иста група со Барселона, Кјелце, Рајн-Некар, Колдинг, ПИК Сегед, Монпелје и Кристијанстад.

Вардар е сместен во привилегираната група Б, која заедно со групата А овозможува победниците во групите да обезбедат директен пласман во четврт-финалето. Според новиот систем во ракометната Лига на шампиони, како што споменавме, првопласираните екипи во групите А и Б ќе обезбедат директен пласман во четврт-финалето, додека екипите од 2-ро до 6-то место ќе се пласираат во осмина-финалето.

zdrepka-rakomet

Во осмина финалето ќе бидат резервирани уште четири места, односно места за двете најдобро пласирани екипи од групите Ц и Д. Токму во групата Д ќе биде сместен вториот македонски претставник Металург. Металурзите ќе мора да завршат на првото или второто место во групата Д за да обезбедат пласман во осмина-финалето.

Распоред на групи:

Група А: Кил, Веспрем, ПСЖ, Целје, Висла, Загреб, Бешикташ, Флензбург
Група Б: Барселона, Кјелце, Вардар, Колдинг, ПИК Сегед, Рајн Некар, Кристијанстад, Монпелје

Група Ц: Ла Риоха, Мешпков, Чеховски Медведи, Порто, Војводина, Татран
Група Д: Металург, Скјерн, Мотор, Кадетен, Баја Маре, квалификант

Интересно

Naslovna

Macedonia X-Treme 2015: Балкан Бајк Фестивал

            За прв пат на Балканот, премиерно се одржа Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival …