Рамковен договор: Џафери ќе каже што уште треба да се направи

musaВицепремиерот Муса Џафери утре на прес-конференција ќе обелодени неколку чекори што треба да се преземат за целосно имплементирање на Рамковниот договор.

Оваа тема денеска влезе во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино на барање на ДУИ, дознава „Мета“.

На барање на интегративците, за досегашниот тек на имплементирање на Рамковниот договор говорел олеснувачот од Европската унија, Питер Фејт, кој имал обемна презентација пред претставниците на четирите партии.

Дознаваме дека партиите имале конструктивна дебата околу Рамковниот договор и не се противеле на излагањето на Фејт, кој по средбата не откри детали за тоа што содржи анализата за реализацијата на Рамковниот договор.

– Ова беше состанок на акционата група на политичките партии, како што е предвидено од ЕУ. Сакавме накратко да ги информираме политичките лидери за оваа работа. Да не избрзуваме. Ќе бидете информирани утре, процесот само што почна. Да бидеме трпеливи и да видиме како ова може најдобро да се организира – изјави Фејт по средбата.

Денеска на политичките партии од европските олеснувачи им бил презентиран и акциски план за решавање на прашањата од Договорот од Пржино. Начелно е договорено до средината на октомври да се реши прашањето со медиумите, а во истиот период било побарано да се најде решение и за горливите прашања, пред сè, за гласањето на дијаспората.

Познато е дека досега, решение има само за изборот на членови на ДИК, кои ќе се избираат по формулата „три плус три плус три“, односно тројца членови на ДИК ќе се избираат од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти ќе бидат избрани од Собранието.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …