Руски авиони бомбардирале уште пет позиции на ИД во Сирија

suhoiРуски воени авиони денеска бомбардирале нови пет позиции на милитантите на Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции.

Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, денеска изјавил дека борбени авиони од типот „сухој“ извршиле осум летови и нападнале пет позиции на ИД, додавајќи дека воздушните удари врз милитантната група ќе продолжат.

Информацијата ја потврдил и амбасадорот на Сирија во Москва, Ријад Хадад, според кој, нападите се вршат по координати што ги дава сириска војска, далеку од населените области.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …