Руски авиони уништиле осум позиции на ИД во Сирија

12066464036-f7ac41960f-bРусија нападнала осум позиции на Исламска држава во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека за време на операцијата е избегната цивилната инфраструктура.

– Руските воздухопловни сили денеска бомбардираа осум позиции на терористичката група ИД во Сирија. Извршени се вкупно 20 лета. Како резултат на тоа, погодени се складиштата за оружје, нафта и воена опрема. Координативните центри на ИД во планините се целосно уништени – рече портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Како што јавува „Раша тудеј“, портпаролот истакнал дека сите нападите се извршени откако претходно биле направени надзорни летови и верификација на податоците со сириската војска. Тој истакна дека руските авиони не таргетирале цивилна инфраструктура и оти овие територии биле избегнати.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …