СДСМ утре се враќа во Собрание

Опозициската коалиција, предводена од СДСМ, од утре влегува во Собранието, во согласност со дел од Договорот од Пржино, потпишан од четирите најголеми политички партии на 2 јуни и на 15 јули за надминување на политичката криза.

Во меѓувреме, течат разговорите на работниsobranie-na-rmте групи, а на 15 септември треба да се избере специјален јавен обвинител, кој ќе работи на случаите со прислушувањето.

Опозицијата на парламентарните избори лани освои 34 пратенички места, но три нивни пратенички, Солза Грчева и Љубица Буралиева од СДСМ и Роза Топузовска Каревска од ЛДП, не ја почитуваа партиската одлука за бојкот и останаа во Собранието.

Во меѓувреме, тие беа исклучени од нивните партии.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …