Српската полиција уапси осомничен за терористички напади во Македонија

nebojsa-stefanovicМинистерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во четири одделни полициски акции, уапсени се двајцата најголеми водачи на нарко-банди во Србија, пресечен е најголемиот синџир за шверцување оружје на територијата на Србија и на Франција, а дека е уапсен и осомничениот Б.Б. за терористички напади во Македонија.

Стефановиќ на прес-конференција изјави дека, на граничниот премин Брњак, врз основа на потерница од Интерпол, уапсен е Б.Б. од Куманово, кој е осомничен за учество во терористичките напади кај нас, во период од јануари до мај.

Во другите полициски акции, Стефановиќ прицизирал дека се уапсени повеќе осомничени за шверцување дрога, меѓу кои и еден од најголемите водачи на нарко-банди на Балканот, М.Т. од Нови Пазар, и М.Н. кој е еден од најголемите шверцери на наркотици во Србија.

Стефановиќ изјавил дека во акцијата во која е уапсен водачот од Нови Пазар, уапсени се уште четири лица од тој град и од Тутин.

Министерот наведе дека полицијата утринава влегла во становите што ги користеле на територијата на тие два града и дека осомничените го шверцувале хероинот од Турција и од Западна Европа на територијата на Србија.

Во последните четири месеци, полицијата запленила 13 килограми хероин на таа криминална група, а низ тие акции биле откриени организаторите и врвот на пирамидата во шверцот на дрогата.

Извор: Мета

Интересно

sobrani11-860x680

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за …